http://www.Joel225.org

 

Macedonian@Joel225.org

(Брошура: http://www.joel225.org/J225Macedonian.pdf)

Нашата мисија:

Како една христијанска заедница, ние активно ги вклучуваме и им помагаме на мажите и жените од целиот цвет кои доживуваат сексуални склоности кон сопствениот пол, обезбедувајќи им континуирана молитвена поддршка која поттикнува исцелување во човечките врски, сексуална воздржливост и духовен растеж.

 

Нашата визија:

Наша визија е да бидеме една автентична христијанска заедница во која се добредојдени мажи и жени од сите нации и вери, а кои споделуваат заеднички цели за растеж во верата, надежта и љубовта. Нашето знаење произлегува од нашето искуство при што објавуваме без двоумење дека првиот чекор од доживувањето на вистинска радост и среќа во овој живот како и во следниот, е целосно да му ги предадеме нашите животи на Бог.

 

Ние постојано се охрабруваме и поттикнуваме едни со други со цел да најдеме исцелување за емоционалните рани како и раните настанати во врските со другите луѓе, да искусиме давање и примање на вистинска љубов како и да живееме посамоуверено со автентична радост и во хармонија со нашата вера. Оваа организација е настаната преку нашите лични искуства со непобитната вистина дека емоционалното исцелување и исцелувањето на нашите врски со луѓето е можно како и дека сите сме создадени за светост и чистота во согласност со нашата состојба во животот.

Јоил 2:25 состаноците се одржуваат локално во Далас, Тексас, а виртуелно преку мали групи и видео конференциски врски со учесници од преку 65 земји.

 

a an among men."

Јоил 2:25 групите се состануваат во живо преку интернет при што се дава поддршка и се предизвикуваме едни со други на континуиран растеж во четири клучни области:

 

Предавање на нашите животи и нашата волја на Бог.

 

Ниту едно човечко битие нема совршен одговор кој ќе ги направи нештата лесни и едноставни. Постојат три многу важни прашања кои одбираме да ги одговориме не само во врска со нашите склоности кон сопствениот пол, туку и со се друго во нашите животи:

 

1.    Дали ВЕРУВАМ дека Бог има детален план и цел за мојот живот?

2.    Дали сум ОТВОРЕН да слушнам каков е тој план, дури и ако тоа не е она што моментално сакам да биде?

3.   Дали сум подготвен да ја ПРЕДАДАМ својата волја, својот идентитет и своите планови за да ја прифатам Неговата волја за мене?

 

Свесно или несвесно, ние одбираме да одговориме на овие прашања секој ден. Ова се мошне тешки прашања. Ако сметаш дека се лесни, тогаш прочитај ги повторно.

Доколку сметаш дека можеш да одговориш со Да на сите три (макар и само за еден ден), те замолуваме да се помолиш заедно со нас токму сега:

 

Исусе,

Ти се предавам денес на Тебе со сето мое срце и душа. Те молам дојди во моето срце на еден подлабок начин. Ти велам Да на Тебе денес. Ги отворам сите тајни места во моето срце за Тебе и велам Повели внатре. Исусе, Ти со Господарот на целиот мој живот. Верувам во Тебе и те прифаќам како мој Господ и Спасител. Ништо не задржувам за себе.

 

Свети Душе, доведи ме во подлабоко преобраќање кон личноста на Исус Христос. Се ти предавам на Тебе: мојата волја, моите планови за иднината, моите врски, мојата работа, успеси и неуспеси. Ги предавам и ги отпуштам бидејќи верувам дека ТИ имаш планови за мене планови кои ќе ме унапредат, а нема да ми наштетат, планови кои ќе ми дадат надеж и иднина.

 

Го предавам и моето разбирање за тоа како нештата треба да бидат, моите избори и мојата волја. Ги предавам на тебе ветувањата кои сум ги одржал и ветувањата кои не сум успеал да ги одржам. Ги предавам моите слабости и моите јаки особини на Тебе. Ти ги предавам моите емоции, стравови, несигурности, мојата сексуалност. Посебно ги предавам _____________________ (Овде спомни некои други области на предавање како што ќе ти открие Светиот Дух). Господе, ти го предавам целиот мој живот, минатото, сегашноста и иднината, во болести и во здравје, во животот и во смртта, јас ти припаѓам на Тебе.

 

Амин

 

За повеќето од нас, следниве работи се поклопуваат со нашата одлука за Предавање:

 

        Прифаќање на самите себе, самодоверба, позитивен идентитет кој вклучува ослободување од срамот и позитивно мислење за сопствениот физички изглед.

 

        Сексуална воздржливост Апстиненција од хомосексуални дела вклучувајќи ги тука и порнографијата и фантазијата.

 

        Барање и развивање на мрежа за поддршка.

 

        Здрави верувања предавање на нашата приврзаност кон штетни верувања, себе-поразувачки мисли, и отпор кон реалноста.

 

        Простување вклучително и простување на самите себе и предавање на нашите огорчености.

 

 

ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПОТРЕБИТЕ

 

Негување на поддршка за обработка на Основните емоции на еден здрав и самоуверен начин кој води кон раст и исцелување. Ова вклучува Соочување со стравот, Обработка на лутината, Тагување и Отпуштање на минатото, како и Доживување и споделување на радоста.

 

        Чувствување на нашите чувства Здравото тагување, здравиот гнев, ослободувањето на насобраната болка може најнапред да бара обработка и отфрлање или барем идентификување на Срамот како и некои други штетни емоции.

 

        Живеење преку нашето Вистинито Јас (наспроти лажното јас) Да се биде реален. Покажување на нашето автентично јас на другите луѓе. Пробивање низ штетните емоции и сопствените одбранбени механизми.

 

        Исцелување во врските со сопствениот пол.

 

        Преработување на склоностите кон сопствениот пол пронаоѓање на вистинските основни потреби кои можат и МОРААТ да се исполнат преку здрави, непорочни, и платонски врски со граници кои искажуваат почит кон себе си и кон другите како комплетни луѓе.

 

        Исцелување во врските со спротивниот пол.

 

        Примање и давање на афирмација и прифаќање.

 

 

 

АВТЕНТИЧНОСТ

Повторно вклучување во светот на половите со доверба и храброст

 

        Развивање на наша споствена мрежа за поддршка вон оваа група, во нашите цркви, работни места и заедници.

 

        Здрава приврзаност, здрави граници, и автентични врски.

 

        Поврзување со другите луѓе од позиција на силна мажествена основа.

 

        Здрави граници, здрава и безбедна приврзаност. Доживување и уживање во разликите.

 

 

МАЖЕСТВЕНОСТ

Развивање на сопствениот повик и животна мисија. Водење и растеж на самите себе и на другите.

 

Внатрешно чувство на мажественост кое вклучува машки дејности, лична моќ, самодоверба, сигурност, граници, физички напор, да се биде возрасен.

Значајни поврзувања со други луѓе од ист пол ова вклучува разни групи, генерациски другарства, менторство, здрави граници, здраво и сигурно поврзување.

 

Откривање и живеење на повисока цел за Христос.

 

 

 

 

Овие четири области на растеж формираат една кратенка која на англиски е акроним M.A.N.S. (Masculinity, Authenticity, Need fulfillment, Surrender), Мажественост, Автентичност, Исполнување на потребите, Предавање.

 

Затоа ова се нарекува патот на МАЖОТ (на англиски: MANS journey).

 

Концептот на "MANS" како и акронимот претставуваат адаптација на една програма развиена од Давид Матесон од Центарот за целовитост на половите. Принципите на "MANS" се исто така составен дел на програмата Пат кон машкоста (на англиски: Journey Into Manhood), чиј ко-автори се Давид Матесон и Рич Вајлер од организацијата Луѓето можат да се променат.

Користено со дозвола.